Елмедин Сејфулаху ќе се бори за златото на Балканското првенство

Елмедин Сејфулаху ќе се бори за златниот медал на Балканското првенство за јуниори во борење слободен стил во Бурса, Турција.

Сејфулаху во категоријата до 60 килограми извојува три победи до финалето против противници од Турција 8-3, Гани Халили од Косово 8-0 и Норберт Молнос од Романија 8-2.

Елмедин за шампионската титула ќе се бори со Микјај Наим од Бугарија, кој има два сребрени медали од јуниорските Европски првенства.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...