ЕКСКЛУЗИВНО-Мартин Несторвски: Морав да му вратам на Србинот за ЕП во Истанбул!

martin na piedestasl so znmeto na EI

Освојувачот на бронзениот медал од првите Европски игри во Баку, каратистот Мартин Несторовски (+84 кг), изјави по мечот за ipon.mk: „Презадоволен сум од мојот настап во групната фаза. Знаев дека ќе поминам. Бев сигурен во тоа, со некои други калкулации. Меѓутоа, и вака не е лошо“.

Несторовски вели дека во полуфиналето изгубил од Германецот Јонатан Хорне, меѓутоа, воопшто не му паднале концентрацијата и самодовербата.

„ Плус, имав мотив повеќе, затоа што морав да му вратам на Србинот за ЕП во Истанбул. Така и се случи. Победив 5:3. Се уште сум во еуфорија. Всушност,  не знам и што сум направил“, тврди Несторовски.

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...