ЕКСКЛУЗИВНО – Емил Павлов: Можам да се закитам со медал од Светското првенство и да се надевам на олимписка норма!

Емил Павлов (-60 кг) по втор пат стана европски шампион со што се запиша во историјата на македонското карате. Првиот златенмедла го освои на Европското првенство во Тампере, Финска, во 2014 година, а во 2016-та во Монпелје, Франција, се закити со бронзениот. На Европското сениорско карате првенство во Нови Сад, Србија, во финалето салвеше со 3-1 против Италијанецот Анџело Крешченцо.

Тој е најсериозен кандидат за остварување на олимписката норма за Олимпијадата во Токио 2020, каде што каратето дебитира.

По втор пат си европски шампион! Беше лесно или тешко на татамито? Кој елемент ја одлучи борбата?

Патот до овој успех беше навистина тежок и долг. Пет борб и пет победи, совладувајќи големи конкуренти како од Латвија и Италија. Но, јас бев максимално подготвен, верував во себе. Со големото искуство од европските првенства, пак, успеав да станам најдобар во Европа.

Со вториот златен медал и еден бронзен медал, како и оној од Европските игри 2015 во Азербејџан, исто така бронзен, стана најуспешниот македонски каратист. Што значи ова за македонското карате и за тебе?

Ова за македонското карате, а и за мене, многу значи. Можеме да се надеваме на норма на Олимпијадата, бидејќи сите ние знаеме дека во Европа се најдобрите каратисти. Сепак, не треба тука да застанеме, мораме уште сега да се фокусираме на Светското првенство во ноември, кое ќе биде главен критериум за исполнување на норма.

Во колекцијата ти недостасува медал од светските првенства. Наесен може ли да очекуваме медал од Светското првенство од 6 до 11 ноември во Мадрид, Шпанија?

Па, моментално самодовербата е многу голема и мислам дека оваа година, со Господ напред, можам да се закитам со медал од Светското првенство наесен. Голема благодарност до мојот тим, моите тренери, до КФМ и до сите што ме подржуваат

Резултати
-60 кг – 33 натпреварувачи
 Емил Павлов – Доминик Имрич (Словачка) 1-1
Емил Павлов – Јасин ел Атар (Холандија) 6-2
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 3-2
Полуфинале
Емил Павлов – Калвинс Калинс (Латвија) 5-2
Финале
Емил Павлов – Анџело Крешченцо (Италија) 3-1

Освојуавчи на медали од европските првенства:

Борби 
ГОД. ГРАД              ИМЕ                                МЕДАЛ
2007 Братислава    Иво Цветковски               сребро
2007 Братислава    Сашко Арсовски              бронза
2008 Талин Ардита Исени                             бронза
2009 Загреб           Наташа Илиевска            сребро
2010 Атина            Огнен Груевски               бронза
2011 Цирих            Наташа Илиевска             злато
2013 Будимпешта   Берат Јакупи                  бронза
2014 Тампере         Емил Павлов                    злато
2015 Истанбул        Мартин Несторовски       бронза
2016 Монпелје        Емил Павлов                  бронза
2017 Коџаели         Берат Јакупи                  сребро
2017 Коџаели         Јована Георгиева            бронза
2018 Нови              Сад Емил Павлов              злато
Кати – екипно
2005 Тенерифе Рибарска, Трајкоска, Димитрова бронза

Ipon.mk

 

print

Можеби ќе ви се допадне...