ЕКСКЛУЗИВНО – Доан Османи: Секогаш верував во себе, тоа и се случи – станав европски шампион!

Доан Османи денска го освои златниот медал во борби за млади сениори (У-21) на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Алеборг – Данска, со што отвори нова поглавје во неговата кариера, а талентот експлодира во вистинско време.

Нашиот репрезентативец во финалето славеше против Никита Белјавски од Грузија со 4-0, а ги победи Беким Баша (Албанија) 2-2, Енес Булут (Турција) 0-0, Брајан Лусе (Холандија) 3-1 и Димитрос Ригас (Грција) 2-0.

Во првите моменти по освојувањето на европската титула во категоријата до 75 килограми Доан за чувствата што надираа по златниот медал вели:

„По овој резултат се чувствувам многу среќно, задоволно, гордо и го чекав овој резултат...

Дали пред ЕП очекуваше дека ќе станеш шампион?

-Секогаш верував во себе дека имам потенцијал да освојам медал! Тоа што го очекував и се оствари!

Што значи златниот медал за тебе?

-Златниот медал за мене е мотив повеќе да работам и во иднина да остварувам уште поголеми резултати.

Што очекуваш понатаму во твојата карате кариера?

-Напорно ќе се подготвувам за Светското првенство што ќе се одржи во Чиле (исто така за кадети, јуниори и У-21 во ноември – н.з).

Ќе го гледаме ли Доан Османи на Олимпијадата во Прази 2024 година?

-На секој спортист сонот му е Олимпијадата, па така и на мене, затоа ќе работам напорно да го остварам тој сон!

Резултати
У-21
–75 кг
Доан Османи – Беким Баша (Албанија) 2-2
Доан Османи – Енес Булут (Турција) 0-0
Доан Османи – Брајан Лусе (Холандија) 3-1
Доан Османи – Димитрос Ригас (Грција) 2-0
Финале
Доан Османи – Никита Белјавски (Грузија) 4-0

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...