ЕКСКЛУЗИВНО: Гого Славески ќе спарингува со светскиот првак Вили Монро!

Нашиот професионален боксер во САД Гого Славески е повикан на 24 август да му спрингува на светскиот шампион на ВБО во средна категорија Вили Монро Јуниор.

Монро во септември ќе ја брани титулата против Били Џо Сандерс, кој исто така е левак како Славески.

„Спарингот го закажа Сашо Гарабиљевиќ кој има директен контакт со целиот тим на Вили Монро Јуниор. Заедно имаме големи планови и ќе ја продолжиме соработката. Можно е наскоро да се преселам во Њујорк,  за заеднички да одиме на светската титула“, изјави за Ipon.mk Гого Славески кој рече дека ова е најголемото искуство до сега за него.

Вили Моноро се има борено со Генади Головкин, а Славески на 15 септември ја има третата борба.

Ipon.mk/В.Д.

 

print

Можеби ќе ви се допадне...