ЕКСКЛУЗИВНО-Божиноска и Илиоски: На следното првенство нема да дозволиме изненадување, ќе бидеме шампиони!

reprezentacija vo Spanija so medali na EP 2015

Македонските кикбоксери во вчерашните финалиња на Европското првенство за кадети и јуниори во Сан Себастијан, Шпанија, беа поразени и ги освоија сребрените медали. Сепак, Бобан Илиоски и Марија Божиноска, како и Хадис Рамадани-кој освои бронзен медал, постигнаа голем успех. Тие жалат што за малку им избега златото. Тоа се забележува во нивните реакции.

„Ми бегаше со еден поен. Напаѓав цело време. Се чуваше, се повлекуваше последните моменти. Ама, тоа е! Нареден пат, ќе го завршам за брзо“, вели Бобан Илиоски,кој со секој свој настап импресионира.

Ilipski srebren medal na EP 2015

Дали си задоволен од среберениот медал?

„Задоволен сум! Можеше да биде и поубаво. Ама, тоа е што е! Мотивиран сум ќе повеќе ќе тренирам и многу пожестоко“, порачува голамата надежна македонскиот кик бокс Илиоски.

Бобан Илиоски (-71 кг – лоу кик) во финалето беше поразен од Русинот Тимур Азизов со 2-1, додека вчера Хадис Рамадани мораше да се задоволи со бронзениот медал.

Marija Bozinoska ep san sebastijan 2015

Најголем исчекор од минатата година направи дамата меѓу кикбоксерите. Имено, Марија Божиноска минатата година го освои петото место, а за малку и избега златниот медал.

„Многу ми значи кога гледам како луѓето ни честитаат и на мене и на моите колеги Бобан и Хадис. Големо е задоволството да се стигне до финале и да се борам со искусните девојки. Секогаш може да се каже дека можело подобро. Меѓутоа, таков е животот. На почетокот водев, потоа имавме најизменични удари и за само два поени Италијанката ми ја зема борбата. Ама, на следно првенсто нема да дозволам противничките да ми се приближат со поени, бидејќи ова ми е мотив повеќе да се подготвувам“,категорична е Божиноска.

Божиноска (-70 кг -кик лајт) во финалето е поразена од Италијанката Марта Филипи со 2-1.

„Нијанси одлучија! Марија мораше да се задоволи со сребрениот медал“, го коментираа настапот на Божиноска од нашата репрезентација.

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...