Една година од беспрекорно организираното Европско првенство во кендо во Скопје

Точно пред една година на денешен ден пред една година се одржа на 27-то Европско првенство во кендо во Скопје во организација на Македонската кендо федерација. МКФ покажа дека може беспрекорно да се организираат големи првенства.

Македонија беше домаќин на 39 репрезентации со 600 учесници, 29 судии, 50 официјални лица и 140 волонтери од нашата земја и Европа.


На Првенството големо значење му даде премиерот Емил Димитриев кој го отвиори истото, потоа амбасадорот на Јапонија со седиште во Виена кој на ЕП најави дека оваа земја ќе отвори амбасада во Македонија, тоа и се случи, како и претседателот на ЕКФ и домаќините од МКИФ.


На Свеченото отворање присуствуваа делегации од 32 спортски федерации, 20 преставнивници на ДКП-а во Македонија, 50 други гости на МКИФ и можеби еден медиум од Македонија (како што вели претседателот на МКИФ, Златко Кескоски-н.з., а Ипон.мк сигурно беше).

„Како претседател и домаќин на оваа манифестација горд сум на нашата земја, на моите соработници, на волонтерите и сите оние кои несебично помогнаа оваа манифестација да биде прогласена за најдобра до тогаш, речиси совршена“, изјави по овој повод Кескоски.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...