Еди Шерифовски загуби од Вук Елез на ЕП во Финска

Еди Шерифовски (-81 кг) во дебитантскиот настап на Европското првенство за јуниори во Вантаа во Финска е поразен со ипон од Вук Елез од Босна и Херцеговина.

Вчера Арбреша Реџепи (-52 кг) стартуваше со победа против Украинката Дарина Лијашук, совладувајќи ја со ипон, а во вотрото коло беше совладана со ипон од Наоми ван Кревел од Холандија.

На ова Европско првенство настапуваат 343 џудисти од 44 држави.  

print