Еди Херн преговара со Тајсон Фјури за средба со Ентони Џошуа

Ентони Џошуа откри дека промоторот Еди Херн разговарал со Тајсон Фјури за да излезат заедно во рингот. Тој истото го  коментираше:

„Сега сум против светот и ќе мора со сите да се сретнам“.

„Херн е во право – тоа ќе има добар ефект врз него, мене, навивачите … Средбата со Тајсон Фјури мора да се одржи“.

„Му посакувам успех за она што го направи, бидејќи се надевам дека наскоро ќе го видам во рингот. Еди неодамна разговараше со него за да договрат средба“.

Џошуа е свесен дека има одговорност и задолжителни мечеви на кои треба да се бори, но признава дека ќе ужива во слободата да се спротивстави на кого сака.

„Кога сум шампион, разбирливо е да имам и повеќе обврски. Ако сакам да се борам само со кого ќе посакам, ќе треба да се откажам од титулите. Сите треба да сме свесни за тоа“.

Кога бил запрашан дали би ги предал титулите во името на слободата, Џошуа одрекува со изговор дека сонот на секого е да стане шампион.

„Единствениот начин да се откажам од моите титули е некој подобар од мене да дојде и да ме победи. Не постои друга варијанта“.

print

Можеби ќе ви се допадне...