Официјално кој колку заработи: Мек Грегор доби 10 пати повеќе отколку за мечот со Дијаз

Спрема службените податоци на Спортската комисија на Невада, Флојд Мејведер за победата против Конор Мек Грегор изминатиот викенд во Лас Вегас инкасираше сигурни 100 милиони долари. На Ирецот му припаднаа 30 милиони. Тоа се само загарантираните суми без процентите од продажбата на ППГ (плати па гледај) и други приходи.

Се проценува дека УФЦ шампионот на крајот од својата банкарска сметка може да  прибере околу 100 милиони долари, додека на поранешниот светски боксерски шампион ќе му припаднат некаде околу 300 милиони долари. Секако дека Мек Грегор има причина за задоволство,бидејќи зе работи за најголемата гарантирана заработка во неговата кариера. Заради споредба, за мечот против Нејт Дијаз на уФЦ 202 Мек Грегор инкасира само 3 милиони долари, што е десет пати помалку отколклу за мечот со Мејведер.

Главни борби :

 Флојд Мејведер Јуниор (100.000.000 долари) – Конор Мек Грегор (30,000,000)

Гервонта Дејвис (600.000) – Франциско Фонсека (35.000) – за титулата на ИБФ

Натан Клеверли (100.000) и Баду Џек (750.000) – за титулата на ВБФ

Ендрју Табити (100.000) – Стив Канингем (100.000) – за титулата УСБА

Воведни борби:

 Томас Дулорме (75.000) – Јорденис Угас (50.000)

Хуан Хералдез (12.500) – Хозе Мигел Борего (5.000)

Кевин Њуман (7.500 долари) – Антонио Ернандес (7.000)

Савана Маршал (5.000) – Сидни ЛеБлан (3.500)

print

Можеби ќе ви се допадне...