Дрим со четири медали од турнирот во Цетиње (ФОТО)

Џудо клубот Дрим од Струга викендов настапи на два меѓународни турнири „Миоки опен“ во Скопје, за кој веќе пушувавме, и вториот е „13 Новембар“ во Цетиње, Црна Гора, каде штоп неговите џудисти освоија четири медали – 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен.

Михаил Касниоски освои два медала, злато и борнза во две старосни категории, Анамарија Стојмилоска златен (полетарци) и Доријан Петкоски сребрен (полетарци).

Сите овие успеси кои Дрим што ги постигнавме во изминатиов период, како и пет години наназад, се доволен показател за тоа како се работи во нашиот клуб и каде е иднината на македонското џудо. Лично, се надевам дека овие резултати ќе стигнат до оние кои се надлежни за спортот и ќе обрнат внимание на ЏК Дрим од Струга“, изјави тренерот на Дрим, Ѓорѓи Стојанов. 

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...