Дортикос брутално го нокаутира Кудријашов во четвртфиналето на ВБСС турнирот (ВИДЕО)

Јуниер Дортикос (22-0, 21 КО) му се придружи на Олександр Усик во полуфиналето на турнирот на Светската боксерска супер-серија во крузер категорија.

31-годишниот Кубанец во судирот на удирачите на Сан Антонио го нокаутира Дмитриј Кудријашов (21-2, 20 КО) во втората рунда и ја одбрани титулата „регулраната“ титула на ВБА.

Од почеток полнаа да паѓаат тешки удари, а „КО Доктор“ мирувањето го прекина многу рано со десно кроше пропратено со десен директ.

Кубанецот кој живее во Мајами не се бореше од мај минатата година кога ја освои титулата против Јуриј Каленга во одличен меч во Франција.

Во полуфиналето ќе се бори со подобриот од средбата меѓу Мурат Гасиев и Кшишофа Влодарчик.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...