Доналд Трамп му се јави на Колби Ковингтон, за да му честита

Колби Ковингтон ја забележа седмата последователна победа, откако издоминира против Роби Лолер во главната броба на УФЦ на ЕСПН 5. „Хаосот“ ја зграпчи победата со одлука на судиите пред очите на синовите на Доналд Трамп, кои пред битката го инспирираа да се бори храбро, затоа што е вистински шампион.

Веднаш по борбата, Трамп го повика Ковингтон да му честита за победата, а блиску до него беа Доналд Трамп Jуниор и Ерик Трамп.

Минатата година Дана Вајт го однесе Ковингтон во Белата куќа, каде што го запозна лично со Трамп. Ковингтон е голем обожавател на семејството Трамп и рече дека ќе му помогне на Трамп пак да го изберат на претседателските избори во САД во 2020 година.

print