Домашниот борец го запре Илиоски во четвртфиналето на СП во Бангкок

Македонскиот репрезентативец Бобан Илиоски (81 кг) загуби во четвртфиналето на Светското првенство во тајландски бокс во Банког, Тајланд, од домашниот борец Сутхат Бунчит со 27-30.

Сите три рунди судиите ги бодуваа 10-9 за Бунчит, со што изостанапласманот во полуфиналето и освојувањето на бронзениот медал.

Претходно Илиоски извојува две победи, прво против  Иранецот Сеједкеиван Солеиманисафаханех 29-28 и потоа со нокаут во првата рунда над Мајкл Брадбери од Велика Британија.

Да потсетиме дека Илисоки (-81 кг, Б класа) минатата година го освои сребрениот медал на Светското мај тај првенство во Канкун, Мексико.

Ipon.mk

print