Додевски и Георгиевска ќе ги баранат боите на Македонија на Европското таеквондо првенство во Кипар

Македонската таеквондо репрезентација од 1 до 4 ноември ќе настапи на јуниорското Европско првенство во Кипар со Филип Додевски и Ана Марија Георгиевска.

Репрезентативците за Кипар ќе заминат на 31 октомври.

„Ќе настапат нашите најдобри јуниори и тоа: Филип Додевски – освојувач на златен медал на „Србија опен 2017“ турнир од А-класа и актуелен балакнски шампион кој ќе се бори на 2 ноември и Ана Марија Горгиевска која е освојувач на сребро од „Австрија опен“ – турнир од  А-класа,  кој важи за еден од најсилните турнири. Таа на татамито ќе излезе на 4 ноември. Тие се во полна подготвеност. Се работи секој  ден со двајцата натпреварувачи “, вели нивниот тренер д-р Борче Костовски кој смета дека со мала спортска среќа може да освоиме медал.

Ipon.mk/В.Д.

print