Додевски и Георгиевска во изедначени борби тесно поразени на „Босна опен“

Филип Додевски (-87 кг) имаше тешка и изедначена броба со натпреварувач  од Италија која во регуларниот дел заврши 14-14 и ја одлучи златен поен, при што Италијанецот беше побрз на Меѓународниот таеквондо турнир „Босна опен“ во Зеница, Босна и Херцеговина, кој е од серијата Г-1. Исто така и Анамарија Георгиевска (-67 кг) забележа тесен пораз од Хрватка 7-5.

Тие се бореа во сениорска конкуренција каде што конкуренцијата е посилна.

„Двајцата сениори за многу многу малку не успеаја да дојдат до поскауваниот резултат, но спортот е таков“, велат од Бутел.

Да потсетиме дека вечра Марко Аврамовски (-59 кг)и Филип Стаменов (-73 кг) во јниорска конкуренција освоија сребрен и бронзен медал.

Нашиот најдобар поединец Дејан Георгиевски се уште се опорава од повредата, за кратко време на 27октомври ќе настапи на Г-1 турнирот во Србија. Потоа следи Атина, исто така на Г-1 турнир.

print