Доан Османи и Петар Спасеновски европски шампиони (ФОТО)

Македонија освои две европски титули за неколку часа на Евроското карате превнство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Алборг, Данска, нешто што не се случило досега, а тоа им појде од рака на Доан Османи (-75 кг) и Петар Спасеновски (-84 кг).

Осмасни во финалето славеше против Никита Белјавски од Грузија со 4-0, а Петар Спасеновски над Ади Гјурик од Словачка 1-1, но поради прв освоен поен златниот медал му припадна на нашиот репрезентативец.

Доан Османи на патот првата европска титула ги победи Беким Баша (Албанија) 2-2, Енес Булут (Турција) 0-0, Брајан Лусе (Холандија) 3-1 и Димитрос Ригас (Грција) 2-0.

Петар Спасеновски славеше беше подобар од Јоел ван Моеркерк (Холандија) 1-0, Фредерико Салас (Норвешка) 3-0, Хамза Цајиќ (Босна и Херцеговина) 0-0 и Грег Андресон (Шкотска) 3-0.

Кренар Џафери (+84 кг) доби шанса во репасажот, но беше поразен од Србинот Тешановиќ, така што не можеше да продолжи понатаму, за да се бори за бронзата.

Ангела Мојсовска (-68 кг) постигна најмногу меѓу девојките, забележувајќи две победи.

Со девте злата Македонија освои 4 медали на ЕП, по два златни и сребрени. Сребрените медали ги освоија Бојан Костов и Глигор Петков.

Македонија по бројот на освоени медали е на седмата позиција. Прва е Турција 16 (6-4-6), втора е Италија 11 (5-4-2), трета е Русија 12 (5-1-6) итн.

Резултати
У-21
-50 кг
Верона Ајдини – Андреа Станциу (Романија) 0-4

-55 кг
Сара Крстевска – Ивет Горанова (Бугарија)  0-0

-61 кг
Вероника Костовска – Викторија Тубро (Данска) 1-1
Вероника Костовска – Ана-Јохана Нилсон (Шведска) 0-1

-68 кг
Ангела Мојсовска – Садеа Бечировиќ (Хрватска) 9-4
Ангела Мојсовска – Натали Нилдстром (Шведска) 4-1
Ангела Мојсовска – Марија Алексејева (Белорусија) 0-8

+68 кг
Симона Симовска – Маделејне Линдстром (Шведска)  2-2

-60 кг
Столе Смилковски – Дрен Хајдари (Косово) 2-0
Столе Смилковски – Фарук Омер Атеш (Турција)  2-3

-67 кг
Стефан Апостоловски – Лукас Буск-Матијасен (Данска) 0-4

75 кг
Доан Османи – Беким Баша (Албанија) 2-2
Доан Османи – Енес Булут (Турција) 0-0
Доан Османи – Брајан Лусе (Холандија) 3-1
Доан Османи – Димитрос Ригас (Грција) 2-0
Финале
Доан Османи – Никита Белјасвки (Грузија) 4-0

-84 кг
Петар Спасеновски – Јоел ван Моеркерк (Холандија) 1-0
Петар Спасеновски – Фредерико Салас (Норвешка) 3-0
Петар Спасеновски – Хамза Цајиќ (Босна и Херцеговина) 0-0
Петар Спасеновски – Грег Андресон (Шкотска) 3-0
Финале
Петар Спасеновски – Ади Гјурик (Словачка) 1-1

+84 кг
Кренар Џафери – Лука Вуковиќ (Босна и Херцеговина) 1-0
Кренар Џафери – Давид Енгман (Шведска)
Кренар Џафери – Мурад Хаџизаде (Азербејџан) 0-5
Репасаж
Кренар Џафери – Ѓорѓе Тешановиќ (Србија) 0-9

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...