Дијаз: УФЦ сака да молам и да клечам, но тие се тие кои ќе мора убаво да ме замолат…(ВИДЕО)

Нејт Дијаз во последно време ретко истапува во јавноста. Од дуелот со Конор Мек Грегор се повлече во својата приватност, па дури и кога заламфаа гласините за некој можен меч во кој би требало да го гледаме (Мек Грегор, Вудли …) Дијаз претежно молчи и се држи по страна.

Во една неодамнешната изјава, додуша, потврди дека бил во некои разговори со УФЦ, но исто така подеднакво  рече дека се планира да се обиде во професионалниот бокс. Кои се вистинските планови на супер ѕвездата на УФЦ и која е причината поради која Дијаз не го гледаме почесто во октагонот.

Аналитичарите главно се едногласни во ставот дека е многу мудро што Дијаз одлучи да го чека третиот двобој против Конор Мек Грегор кој по некоја логика на функционирањето на работите во УФЦ сигурно треба да се одржи. Потенцијалните рани порази би го компромитирале тој меч, па му е попаметно стрпливо да го чека својот момент и борбата во која повторно ќе заработи 10 или 15 милиони евра. Дотогаш ќе одговори само на „мега“ понуди кои не се одбиваат. А такви засега не стигаат од неговиот работодавец …

Во овонеделниот разговор за подкастот „Outside of the box“, Дијаз меѓу редови потврди дека не му се допаѓа пристапот на УФЦ. И тоа е една од причините зошто тој никогаш не дојде на „зелена гранка“ со Дан Вајт и УФЦ.

„Не се борам затоа што јас сум вистински борец. Јас не сум некој на кого му се наредува да се бори. Ќе се борам секогаш кога јас ќе го сакам тоа ебано. Тоа е затоа што сум ебач на мајки, јас вистински борец. Нема да го правам она што другите ќе ми кажат да го правам, ќе го направам она што ми се прави. И ќе се борм кога ќе ми пристапат со почитување“, рече Дијаз на кого очигледно му пречи на начинот на кој УФЦ му пристапува, на пример на Мек Грегор, а што е во голема спртивност со начинот на кој се однесуваат спрема него и неговиот брат.

„Не морам повеќе да се борам. Но ќе се борам против којбило, ако треба. Но, сепак, не морам, воопшто, повеќе да се борам. И тогаш слушам од други борци како ми приговараат дека „не сум вистински борец“. Но тоа звучи како да се обидуваат да ме манипулираат и да ме турнат во некој меч. Погодете што? Вие работите за други, јас работам за себе. Кој е сега вистински борец, пички едни?“, додава Дијаз и објаснува.

„Нека ме замолат убаво, ебачи на мајки. Не зборувам тука само за организацијата, зборувам и за борците. И, се разбира, тоа мора да биде добар договор, па нема да потпишам договор, бидејќи тоа е добра идеја за некој друг …“ додава.

Кога ќе се случитрилогијата против Мек Грегор Дијаз сè уште не знае. Но, јасно е дека тоа е неговата цел.

„Времето ќе покаже. Во овој момент тоа не го знам. Има разговори. УФЦ ме повика, зборуваме за работите, но она што ми се чини е дека тие очекуваат дека јас ќе бидам тој што ќе ѕвонам, молам, клечам. Но, тоа не ми треба. Ништо од никого не ми треба“, заклучи Дијаз.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...