Дијаз му одговори на Дана Вајт: Заќути кучко (курво)… (ВИДЕО)

Нејт Дијаз конечно се огласи околу мечот против Тајрон Вудли кој очигледно нема да се случи, а за кој се шепкулираше со денови. Во текот на целата медиумска кампања на УФЦ шампионот во велтер категорија, Дијаз ќутеше и не се огласуваше. Но, кога претседателот Дана Вајт дружејќи се со новинарите оваа недела рече дека немало никаква понуда за мечот, Дијаз очигледно почувствува потребата да одговори.

И претпоставувате, тоа го стори на свој специфичен начин. Дијаз на својот Инстаграм профил компилираше видео во кое Вајт прво ја кажува својата верзија на настаните, а потоа ги уфрлил кадрите во кои го удира неговиот шеф со познатиот „Стоктон слеп“.

„Еден од нашите адвокати почна да си игра мечмејкер, а тој има добри односи со браќата на Дијаз. Така, практично му рече на Нејт:„Зошто да не се бори против Тајрон Вудли“? Јас и Шон Селби бевме изненадена и се прашувавме како тој ја заслужува борбата против Вудли? Па, има цела листа на момци кои се на чекање за меч против него. Што зборуваш“?, вели Вајт во видеото и додава:

„Адвокатот малку се оттргна од контрола и си играше мечмејкер. Тоа е причината поради која се огласи Вудли и рече дека му нудевме борба против Дијаз. А знаевме дека не е така. Немаше понуда за меч Дијаз – Вудли. Тоа е единствената вистина“.

Со видеото, Дијаз напиша:

https://www.instagram.com/p/BcIrPQWHdnM/

„Заќути кучко (курво). Двајца сте жедни. И тоа е причината што лажеш“.

Претходно, Вудли негираше дека Вајт тврдел дека понуда за мечот постоела …

„Изгубениот Дана Вајт постојано се обидува да го урне мојот рејтинг како борец, а работатата би требало да му биде промовирање на своите борци, особено шампиони. А зошто би отргнал со подготвитлниот камп? Зошто Нејт јавно побара 15 милиони долари да беше мечот? Очигледно е дека сè уште немаат свој голем настан за оваа приредба. Тоа беше реалноста, и тие го знаат тоа. Ова решение ја уби невозможноста да се договорат со Нејт Дијаз околу финансиските услови“, рече УФЦ шампионот.

print