Дисциплинската комисија на ФБСМ покрена постапка за учесниците во инцидентот на Изборното првенство

Дисциплинската комисија на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) покрена дисциплинска постапка за инцидентот изминатиов викенд во Скопје, по пријава на делегатот Суфијан Исмаили и претседателот на душек, Марјан Лазаров.

Дисциплинската постапка опфаќа три сегменти. Борачите Увејз Фејзулау од Лирија и Михаил Николов од Олимпија ќе одговараат за физичката пресметка, тренерите Африм Џелили од Лирија и Гордан Николов и Кире Нисев од Олимпија за учеството во инцидентот, а Лирија и Олимпија поради учеството на нивните членови во пресметката, како и за пропустите на организаторот Лирија, поради кои дошло до инцидентот.

Сите посочени страни во рок од 8 дена писмено ќе се произнесат за инцидентот до Дисциплинската комисија, чиј претседател е Илбер Латифи, по што ќе одлучи дали и кого ќе санкционира за немилиот настан.

Да потсетиме дека на 28 февруари дојде до инцидент на Изброното првенство во У-23 што се одржа во СОУ „Зеф Љуш Марку“ во Чаир, Скопје, а технички организатор беше БК Лирија. Откако тренерите на Олимпија реагирале на ситуација меѓу борачите на душекот, но и на судиската одлука, како што изјавуваше Гордан Николов, биле нападнати физички нападната од помногубројните, што борачи и роднини и публика на БК.Лирија, па морала да интервенира полицијата.

По ова двјацата борачи беа дисквалификувани од судијата на душекот, а од ФБСМ најавуваат дека имаат видео снимка по која ќе го изградат сатвот за инцидентот.

Не чуди зошто од ФБСМ не ги известуваат медиумите, туку се мора да се дознае по заобиколен пат.

Ipon.mk

print