Директорот на АМС вети дополнителни средства поддршка за Емил Павлов

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на средбата со носителот на златниот медал од последниот турнир на Карате 1 Премиер лигата во Москва Емил Павлов вети дополнителни финансиски средства за најдобриот македонски картист, кој лани беше избран за најдобар спортист на Македонија за 2018 година.

Подршката е во насока за да може да го развива својот спортски капацитет.

„Сите се надеваме дека Павлов ќе успее да обезбеди норма за учество на Олимписките игри во Токио. Каратето на овие Игри ќе биде еден од дополнителните спортови во олимпиското семејство“, рече Каевски.

print