Дионтеј Вајлдер: Џарел Милер има дорбри шанси да го нокаутира Џошуа

Веќе некое време Џарел Милер се заканува дека ќе го нокаутира Ентони Џошуа во нивната борба на 1 јуни во САД. Многумина не му даваат големи шанси на Големото бебе, но неговиот колега Дионтеј Вајлдер не го отпишува и гледа добри шанси Милер да победи со нокаут.

„Мислам дека има добри шанси. Не мислам дека Џошуа има тежок стил, бидејќи ги видовме неговите борби, и ако не беше судијата, ќе имаше поинакви резултати. Особено во борбата против Џозеф Паркер, судијата беше ужасен. Битката против Карлос Такам беше повторно таква.

Му давам добри шанси на Милер да победи со нокаут. Мислам, ако успее да го измори, како што направи Кличко, Џарел ќе може да го нокаутира. Може да видам како Џарел победува и со одлука и со нокаут. Дефинитивно, гледам нокаут и за Џошуа. Има подобри шанси за победа со нокаут од Џошуа, отколку да го добие на поени“.

.

print