Дионтеј Вајлдер: Веќе го нокаутирав Фјури, а сега сакам и Енди Руиз

Дионтеј Вајлдер е повеќе од подготвен да се соочи со Енди Руиз, дури е подготвен да ја одложи втората битка со Тајсон Фјури, која е планирана за почетокот на следната година. Вајлдер веќе ја има планирано одбраната на титулата во тешка категорија на ВБЦ против Луси Ортиз на 28 септември, а Руиз се уште преговара за реваншот со поранешниот шампион Ентони Џошуа.

Вајлдер верува оти Фјури не сака да се бори со него, бидејќи веќе бил нокаутиран во нивната прва борба, која заврши нерешено. Дионтеј сака да се бори против Руиз, за да ги обедини титулите, а дури потоа може да даде реванш на Фјури.

„Зошто да не се борам со Руиз? Сигурен сум дека Фјури нема да ми се спротивстави. Мислам дека тој не сака да се бори со мене, бидејќи веќе беше нокаутиран. Сè би завршило ако не беше тој судија. Подготвен сум да се борам со Руиз, ако сè оди добро и е слободен. Не мислам дека некој ќе сеспротиви на таква средба. Мислам дека сега ова е следната голема борба. Има многу работи што се пред мене.

Фјруи се борел само против двајца познати борци откако е во боксот. Прво го победи Кличко, а потоа беше нокаутиран од мене. Продолжува да се фали за тој невидлив појас и го користи како маркетинг алатка. Никој не сака да го гледа и сите ме гледаат мене, бидејќи пружам возбудливи битки. Сита знаат дека сум најлош во категоријата и ја раководам целата категорија“, рече Вајлдер.

print