„Димче Кичевски“ пак е меѓу каратистите и заслужува повеќе, но некои не го испочитуваа (ФОТО)

Вчера во Скопје се одржа првиот Меморијален карате турнир „Димче Кичевски“ во организација на КК Скопје, при што екипата на Металург е најуспешна со Металург 9 медали (5-3-1), пред Кеикс 8 (5-1-2) и Астибо 5 (3-1-2).

Александар Неделковски од Металург е прогласен за најдобар натпреварувач на турнирот, а се чини дека Абдурахим Идризи од Макпеѕрол (-55 кг) го имаше најатрактивниот меч во финалето Стефан Трпчев кој го одби 4-0, прикажувајќи одлична борба.

Големо браво за Горан Алексовски – Конти од КК Скопје за организацијата на турнирот во чест на легендата на македонското карате Димче Кичевски и за оние што го поддржаа, како семеството на Кичевски.

Вчера дел од нив беа присутни на турнирот, како сегашниот и поранешниот директор на Агенсцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Марјан Сапсески, градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски, пратеникот и поранешен селектор и пријател Чедомир Саздовски, многу освојувачи на медали од првите денови на репрезентацијата.

Клубовите Металург, Макпетрол, Кекикс, Цветан Димов, Астибо, Басаи, Тигар 2003, Солидарност, Фати, Шогун и останатите му одадоа должно почитување на Кичевски. Не е познато од кои причини не присустуваше првиот човек на Карате федерацијата на Македонија, Драги Стојановски, со кого се од почетоците на македонското карате.

Сепак, Димче Кичевски заслужува многу повеќе, а не свртување на грбот.

Резултати

Јуниори ката индивидуално женски
1.Котеска Валерија – Ѓорче Петров
2.Спасовска Ангела – Солидарност
3.Кузмановска Стефанија – Басаи
3.Стојкоска Цветанка – Басаи

Јуниори кумите индивидуално женски -48 кг
1.Димитрова Афродита – Астибо

Јуниори кумите индивидуално женски -53 кг
1.Петровска Марија – Металург

Јуниори кумите индивидуално женски -59 кг
1.Гафури Вјолца – Фати

Јуниори кумите индивидуално женски +59 кг
1.Морина Сајра – Кеикс

Јуниори кумите индивидуално машки -55 кг
1.Идризи Абдурахим – Макпетрол
2.Трпчев Стефан – Цветан Димов

Јуниори кумите индивидуално машки -61 кг
1.Халими Дритон – Фати
2.Бајрами Усаме – Металург
3.Бахтијар Усаме – Цветан Димов
3.Дураковиќ Убејд – Кеикс

Јуниори кумите индивидуално машки -68 кг
1.Мемеди Мевлуд – Кеикс
2.Рамадановски Давуд – Макпетрол

Јуниори кумите индивидуално машки -76 кг
1.Петков Глигор – Металург
2.Костадинов Томи – Макпетрол

Јуниори кумите индивидуално машки 76+ кг
1.Јованов Наум – Астибо
2.Иванов Бојан – Астибо
3.Џафери Енес – Шогун

Кадети ката индивидуално женски
1.Спасовска Кристина – Астибо
2.Адеми Арлинда – Шогун
3.Сареска Ивона – Басаи

Кадети ката индивидуално машки
1.Неделковски Александар – Металург
2.Дема Медин – Куштрими
3.Николчов Алек – Солидарност
3.Стојкоски Филип – Басаи

Кадети кумите индивидуално женски -47 кг
1.Мишовска Михаела – Тигар 2003
2.Цековска Стефанија – Металург
3.Спасовска Кристина – Астибо

Кадети кумите индивидуално женски -54 кг
1.Петровска Марија – Металург
2.Илиевска Ивана – Металург
3.Димковска Марта – Маваши
3.Митовска Моника – Тигар 2003

Кадети кумите индивидуално женски 54+ кг
1.Адеми Јусра – Кеикс
2.Маџовска Анелија – Маваши
3.Абдулау Азра – Куштрими
3.Митева Леона – Астибо

Кадети кумите индивидуално машки -52 кг
1.Гафури Шериф Фати – Тетово
2.Тодороски Златко – Маваши
3.Павловски Дамјан – Маваши

Кадети кумите индивидуално машки -57 кг
1.Митев Ангел – Кеикс
2.Крстовски Крсте – Тигар 2003 – Тетово

Кадети кумите индивидуално машки -63 кг
1.Бошковски Кристијан – Макпетрол
2.Милевски Никола – Тигар 2003
3.Машовиќ Дин – Кеикс
3.Азири Амар – Шогун

Кадети кумите индивидуално машки -70 кг
1.Бајрами Зубеир – Металург
2.Стојановиќ Стефан – Макпетрол
3.Блажевски Андреј – Металург
3.Јонузи Фисник – Шогун

Кадети кумите индивидуално машки 70+ кг
1.Куртановиќ Бериз – Кеикс
2.Ефремов Славе – Кеикс
3.Тасески Даријан – Макпетрол

Memorijalen_Turnir_Dimce Kicevski_2018_Kosistemi

Today Action – Gold Medal

Posted by AbduRahim Idrizi – Karate Champion on 2018 m. balandis 15 d.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...