Димитар Георгиев е пред хет-трик на светските титули!

Dimitar na sp VO bELGRTEA

Димитар Георгиев во категоријата до 74 килограми во кик лајт го совлада словенецот Марјан Блохар со 3-0 на Светското првенство во кик бокс за сениори во Белград-Србија.

Димитар има уникатна шанса да направи хет-трик на светскиот трон по титулите од 2011 и 2013 година да ја додаде и оваа.

Nenad Manojlovski na SP Belgrad

Да потсетиме дека и Ненад Манојловски (-69 кг) се пласира во финалето во кик лајт, совладувајќи го Шпанецот Рубен Сендин Онига на со поголема разлика на поени. Стефани Тодорова (кик-лајт) беше поразена полуфиналето од Николе Перона од Италија во категоријата до 60 кг со 3-0, така што остана со бронзениот медал.

Манојловски во борбата за златниот медал ќе се сретне со Турчинот Искендер Челеби.  Во истата дисциплина, кик-лајт (до 74 кг), Георгиев ќе ја брани титулата против Полјакот Јержи Вроски.

Македонија има обезнедено најмалку два сребрени медала и еден бронзен.

Финалните борби се утре.

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...