Дејан Стефаноски за мечот на кариерата се подготвува со Душан Џакиќ и Васо Бакочевиќ

Stefanoski i Vaso Bakocevik

Дејан Стефаноски за претстојаната ММА борба на 12 март во Германија пеколно се подготовува. Од денес во Белград почна да тренира со едни од најдобрите ММА борци во регионот, Србинот Душан Џакиќ и Црногорецот Васо Бакочевиќ.

Заедничките тренинзи се до 10 февруари, во кои с евклучени и одличните Марко Радаковиќ и Душко Тодоровиќ, а потоа Сетфаноски заминува во Подгорица во Забелјо тим, каде што ќе има спаринг мечеви, како со браќата Ален и Димитрије Џанкиќ.

Stefanoski i Dusan Dazkik

Стефаноски на 12 март ќе настапи на досега најсилниот настан Топ тен чемпионс (TTC) во Херне, Германија, против германско-индонезискиот борец Рохел Гумулјо.

Гумулјо е од Тим Уве Гебкес и Хеверено Кесел, кој се плаши од непоразениот противник и сакаат да не се повтори Ајндховен.

Од друга страна, за Стефаноски се вели дека е македонски супер талент кој сака да настапи на УФЦ Загреб и дека е од калибарот Штевен Кнуде. И дека Ване Воденски, таткото на Кристијан Воденски, од германскиот тим ММА Спирит, го гледа како дијамант. Стефаноски досега има три борби и три победи.

Dejan Stefanoski vo Germnaija na 12 mart

Германците се прашуваат дали Дејан ќе го одржи ветувањето да го нокаутира Рохел во првата рунда или Гумулјо ќе се врати на победничките патеки без да оди во втората рунда на традиционален начин.

Нашиот ММА борец ќе добие бонус хонорар ако го совлада противникот со нокаут во првата рунда.

Најзаслужен за овој настап на Стефаноски е Ване Воденски, кој исто така се занимава со ММА и е тренер на Кристијан, кој настапува во повеќе боречки спортови и прито ареди успех до успех.

На Стефаноски организаторот му ги покрива сите патни трошоци, и ќе добие хонорар за борбата, кој зависи од тоа дали ќе го добие или изгуби.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...