Дејан Георгиевски со среброто од „Галеб – Србија опен“ се поблиску до Олимписките игри – Токио 2020 (ФОТО)

Дејан Георгиевски (+87 кг) освои нови важни бодови за Олимспиките игри во Токио 2020 година со освојувањето на сребрениот медал на еден од најсилните таеквондо турнири во светот „Галеб – Србија опен“ од Г-1 серијата во Белград.

Георгиевкси може да жали, бидејќи златото му избега за малку, до последните секунди се одлучуваше, и на крај победата му припадна на  Махама Чо од Британија до 6-4 во максимално изедначена борба до последните моменти. Чо е бронзен медалист од Оолимписките игри во Рио и е актуелен вицеправк од Светското првенство во Кореа.

Нашиот репрезентативец извојува две доминантни победи со прекин против натпреварувачи од Германија и Србија.

„Многу тесен пораз во финалето од мега ѕвездата во овој олимписки спорт. По него дојдовме, ама следниот нема каде да бега! Дејан по кој знае кој пат на само 19 годишна возраст докажа дека е во неколкумината најдобри на планетава во овој олимписки спорт, во самиот врв!“, велат од нашиот табор.

Останатите наши натпреварувачи го имаа следниот учинок:

-Филип Додевски, сениори – една победа над противник од Србија, во втората борба пораз од Австриец 22-19 во изедначена битка;
-Марко Аврамовски, јуниори – две победи против таеквондисти од Романија и Србија и пораз во борбата за медал од руски натпреварувач;
-Костадин Георгиевски, сениори – победа над Полјак, пораз од Шпанец;
-Иван Крстевски, сениори – пораз од Хрват;
-Филип Стаменов, јуниори- пораз од борец од Босна и Херцеговина.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...