Дејан Георгиевски се поблиску до норма за Олимписките игри во Токио по новата ранг листа на ВТФ

Дејан Геогиевски на најновата ранг листа за март на Светската таеквондо организација напредуваше и на светската (+ 87 кг) на која е на 24 место и на олимписката листа (+ 80 кг) е 39-ти во однос на февруари. Со ова поместување Георгиевски е се поблизу да избори норма на летните Олимписки игри во Токио 2020година.

Овој скок најмногу се должи на неговиот успех на турнирот во Турција, каде што го освои првото место.

Инаку, на светската листа Дејан скокна четири места и со 87,82 поени е на 24-то место, додека на олимписката листа е 39-ти со 86,62 бода, при што направи скок за 12 места. На светската ранг-листа води Русинот Владислав Ларин со 583,07 бода, а на олимписката прв е Кореецот Куо-дон Ин со 368,54 поени.

Конкуренцијата за настап во Токио е голема, бидејќи на ЛОИ има четири тежински категории (до 58 кг, до 68 кг, до 80 кг и над 80 кг), во кои ќе има по 16 натпреварувачи (така беше на ОИ 2016). Следен голем предизвик за Георгиевски ќе биде Светското првенство во мај во Манчестер (Велика Британија), на кое, пак, златниот медал носи 120 бода.

print

Можеби ќе ви се допадне...