Дејан Георгиевски: Можам да го победам буквално секој борец на светот! Одам на златен медал на ЕП, а живеам за олмписката норма!

Европскиот шампион во теквондо Дејан Георгиевски изминатиов викенд имаше одличен настап на Г-1 турнирот „Србија опен“ каде што во финалето на категорија над 87 кг се сретна со Чо Махама од Велика Британија кој е актуелна носител на бронзен од Олимписките игри во Рио и втор на последното Светско првенство во Кореа. Нашиот репрезентативец, буквално до самиот крај, до последните секунди, водеше израмнета борба 4-4 и во последната секунда го загуби златниот. Сепак, достојно се носеше со една од најголемите ѕвезди во овој олимписки спорт.

На последниот Г1 турнир во Белград се сретна со еден од големите конкуретнти во категоријата Британецот Чо Махама кој е име во светот на теквондото и загуби во полседните секунди по изедначената борба, а со тоа и златото на Галеб Србија опен. Како гледаш на борбата кога веќе сите работи се легнати?

-Од оваа перспектива можам подобро да ја согледам борбата со Чо. Сепак, тој е носител на олимписки медал, а тоа говори се за неговите квалитети, но сметам дека пружив рамнопрвана борба, изгубив не заради помалку квалитет туку заради преголемото негово искуство. Едноставно, успеа да ми земе поен во последните секунди на овоа борба.

Знаете таеквондото е фулконтакт, а Чо удира како топ и навистина тоа боли. Чувството да се борите рамноправно со олимписки медалист не може да се опише, но оваа борба ми откри уште една нова димензија, со која во наредната средба со Британецот јас ќе победам

И уште што е побитно, веќе со неколку конкуренти се испроба и ги доби. Колку ти значи тоа, односно колку е подобра твојата психо-физичка стабилност?

-Секако секоја средба со ваква олимписка ѕвезда влијае силно на мојата самодоверба, бидејќи гледам дека можам да го победам буквално секој борец на светот, без разлика дали е олимписки медалист или светски.

Засега добри ти оди на Г1 турнирите. Каков е планот за исполнување на олимписката норма?

-Планот е да обезбедам норма за Токио 2020. Патот е силно трасиран, а квалитетот е докажан, само со уште поголем фукус и, секако, со Господ ќе стигнам до Токио. Ми претстои клучна година за обезбедување на нормата, тоа е 2019-тата. Се надевам дека се ќе продолжи како и досега, така што на тој начин нормата ќе биде обезбедена. Ќе биде тешко, но за тоа живеам!

За десетина дена треба да настапиш на ЕП во У-21 во Полска каде што те вбројуваат во фаворитите за медал. Ќе атакуваш ли на титулата?

-Да, заминуваме на Европското првенство за млади сениори до 21 година, каде што ќе има многу силна конкуренција, но одам на медал, одам на злато!

Дали до карјот на годината имаш и други настапи?

-Можно е веднаш по Полска да заминеме во Париз на Г2 турнир, но тоа зависи од настапот во Полска. Сепак ова е фулконтактен спорт, се надевам дека нема да има повреда на ЕП. Инаку до крајот на годината ќе имам уште еден до два настапи на Г1 турнири, најверојатно во Израел при крајот на годината.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...