Дејан Богданов – потпретседател на ФБСМ: Ако никој не се пријава за домаќин на Изборниот турнир, очекувам Балканец да го направи тоа!

Дејан Богданов, потпретседателот на ФБСМ, најави дека на 18 февруари ќе се одржи првиот Изборен турнир во борење. Досега не се пријавил ниту еден боречки клуб за изборниот турнир.
„Првиот турнир ќе ги даде и репрезентативците за нашите селекции. Затоа, овој турнир е интересен. Ако не се пријави ниту еден клуб да биде организатор, тогаш очекувам Балканец да се пријави како домаќин“, вели Дејан Богданов.

print

Можеби ќе ви се допадне...