Десет каратисти се пријавени за Премиер лигата во Москва

За второто коло од есенскиот дел на Карате 1 Премиер лигата во Москав, Русија, од 4 до 6 октомври, се пријавени 10-мина македонски каратисти.

Според пријавите, треба да настапат Жарко Арсовски, Ферри Исиќ, Азиз Исмаил, Берат Јакупи, Пуликсенија Јованоска, Ненад Келебиќ, Виктор Крстевски, Емил Павлов, Петар Спасеновски и Петар Заборски.

Во ова коло се пријавени 642 натпреварувачи од 85 држави.

print