Денис Муаремовски поразен од судиите во Рим, а повредата беше посилна од Јове Петровски (ФОТО)

Денис Муаремовски и Јове Петровски на 13 октомври во Рим Италија  има професионални боксерски мечеви во организација на Поенокс тим,при што Муаремовски загуби со поделена одлука на судиите од домашниот боксер Марко Колачеци во 6 рунди, Според многумина, борбататребало да му припадне на битолскиот боксер, додека дебитантот Јове Петровски мораше да ја предаде борбата во шетстата рунда пордаи повреда, па така Давиде Тибери славеше.

На овој настан боксерите ги предводеше Дарко Чатлески, а се подготвуваа со тренерот Златко Мурџевски.

„Нашите боксери настапија самоуверено и прикажаа одлични борби, при што домашните боксери боксираа со резерва поради опасноста од несакан пораз со прекин. Јове Петровски боксираше убедливо скоро во сите рунди, но, поради стара повреда во пределот на ребрата, мораше да се откаже мечот на почетокот од шестата рунда. Денис Муаремовски беше самоуверен и стабилено. Во третата рунда му задеде јако предно кроше Марко и серија удари. По четвртата рунда се смени тактиката на Марко. Со кружење и избегнување на борба до шестата рунда од страна, судиите донесоа поделена одлука во корист на Марко Колачеци. Во мојата менаџерска кариера за прв пат видов прави професионални боксерски мечеви од страна на нашите боксери во странство. Добив неколку понуди во Европа за оваа година и ќе се одлучи за брзо на кои профи мечеви ќе настапат нашите боксери. План ни е и да организираме еден професионален боксерски спектакл во Македонија, но за тоа ќе ни треба поголема финансиска поддршка“, вели Дарко Чатлески.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...