Девојките ги завршија борбите на Европското првенство (ВИДЕО)

Нашите репрезентативки во женско борење во дебитантските настапи се поразени во првите борби на Европското кадетско првенство во Скопје.

Коцева загуби со туш, а Лазаревска со технички туш.

Синоќа во репасажот во категоријата до 48 килограми Аид Салихаси беше поразен во репасажот од Илја Рахозау од Белорусија. Борбата ја изгуби во последните две секунди при резултат 1-1, па така го освои 13-тото место.

Резултати

-49 кг 1/8 финале
Олгица Коцева – Тетијана Профатилова (Украина) 0-2 (туш)

-61 кг 1/8 финале
Бојана Лазаревска – Андреа Родригез (Шпанија) 0-11

-48 кг репасаж
Аид Салихаси – Илја Рахозау (Белорусија) 1-3

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...