Двојна олимписка шампионка принудно се пензионира, ако продолжи да боксира ќе ослепи

Двојната олимписка шампионка, боксерката од Велика Британија, Никола Адамс, принудно се пензионира. Ако продолжи да боксира таа е во опасност комплетно да го загуби видот. 37-годишната Адамс стана првата олимписка шампионка кога во 2012 на Игрите во Лондон го освои златниот медал. Четири години подоцна во Рио повотрно дојде до златото и стана првата спортистка во Британија што успеала да одбрани олимписки златен медал.

„Ме советуваа дека било каков следен контакт или удар во окото многу веројатно ќе има неповратно оштетување и трајна загуба на видот. Ми беше огромна чест што можев да ја претставувам нашата држава, да освојам две олимписки златни медали, а потоа и ВБО појасот, што беше остварување на сонот“, напиша Адамс во обраќањето до јавноста.

Во 2017 година, Никола Адамс стана прфесионалка и ја освои ВБО титулата, ја одбрани во септември годинава. Пред да ги добие лошите вести, планираше да се натпреварува и на Олимписките игри во Токио следната година.

print