Двократниот олимписки шампион шокантно совладан во профи дебито (ВИДЕО)

Топ ранг имаше големи планови за Робиси Рамирез.

Двократниот олимписки победник лани побегна од Куба и потпиша за компанијата на Боб Арум.

25-годишниот левучар го освои златниот медал на Олимписките игри 2012 во мува и 2016 година во бантам категорија, во финалето во Рио совлада уште еден боксер на Топ ранг, Шакур Стивенсон.

Плановите за реванш со Стивенсон се ставени во мирување на неодредено време, бидејќи Кубанецот беше шокантно поразен во професионалното деби во Филаделфија.

Рамирез загуби со поделена одлука на судиите по 4 рунди од непознатиот Адан Гонзалес (5-2-2, 2 КО).

22-годишниот Американец го собори двократниот олимписки победник со кроше по само 20 секунди борба.

Судиите мечот го бодуваа 40-35 и 39-36 за Гонзалез и 38-37 за Рамирез.

Гонзалес ја почна професионалната кариера во 2015 година и загуби во првиот меч.

print