Двете крила на Вардар излегуваат на мегдан – на вонредно Собрание

Пред извсно време Иницијативниот одбор на Боречкиот клуб Вардар (крилото предводено од Љубиша Пешко) одржа вонредно Собрание на кое нов претседател со акламација беше избран токму Љубиша Пешко. Покрај тоа беа избрани нов Управен одбор, Надзорен одбор и усвоени одлуки за финансирање на клубот, програма за работа.

Беа донесени одлуки за поведување кривична постапка против членови на поранешното раководство на Вардар, а сега дел и од признаеното водство од Централниот регистар, од Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), како и покренување постапка пред Централниот регистар. Претходното изборно Собрание е прогласено за нелегитимно.Пешко најави и борба по судски пат.

Претходно пак се одржа изборно Собрание на кое Чедо Николовски беше избран за претседател на клубот, а Централниот регистар на Македонија го призна неговиот избор за легитимен, иако дотогашниот претседател Далибор Милановски беше со спротивни мислења.

Арно ама, во меѓувреме нешто се променило. Крилото на Пешко упати писмо до БК Вардар и неговиот претседател Чедо Николовски да закаже вонредно изборно Собрание поради повеќе недоследности, како што тврдат тие, направени во врска со свикувањето на Соабрнието кога Николовски е избран за претседател. Па така, наведуваат дека Ацо Јорданов никогаш не бил избран за в.д. претседател на Вардар; злоупотреба на печатите и дека Николовски неовластено го свикал Собранието. Сегашниот секретар на Вардар, според крилото на Пешко, бил разрешен од таа функција, но и дека неовластено потпишувал пристапници итн.

Николовски вели дека ја прифаќа иницијативата и дека во почетокот на јуни ќе закаже вонредно Собрание.

Ipon.mk

print