Дастин Пориер: Одам на непријателски терен и ќе го победам Хабиб

Привремениот шампион Дастин Пориер е убеден дека може да го детроинизира непоразениот Хабиб Нурмагомедов на нивната средба во септември на УФЦ 242 во Абу Даби.

Хабиб е голема ѕвезда во исламските земји и Дастин Пориер сфаќа дека ќе оди на непријателска територија во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Сепак, ова не е проблем за „Дијамантот“, тој верува дека ќе го шокира светот:

„Тоа е голем предизвик за мене да одам таму и да се борам со Хабиб. Тој е една од најголемите ѕвезди во исламските земји. Тој е меѓу најпознатите муслимани, а чесно кажано не ги знам другите. Ќе биде голем предизвик да одам таму и да се борам против нивното момче на непријателска територија.

Затоа станавме борци. Тој е шампион и нема што да се каже за тоа. Кога ќе го победам и ја освојам титулата, ќе можам да испраќам барања до УФЦ и да им кажам каде треба да се одржи одредена битка. Сега, сепак, јас сум предизвикувач и не ми тежи зборот“.

print