Дастин Пориер:Ја загубив борбата,но не сум аут

Дастин Пориер се надеваше дека ќе направи историја во Абу Даби, но за жал тоа не се случи. Пориер му се закани на Хабиб Нурмагомедов со гилотина во третата рунда, но шампионот преживеа и го натера да се предаде. Сонот на Пориер за величественост испари и прилично тешко му падна поразот.

Неколку часови по борбата, „Дијамантот“ рече дека не е сигурен дали повторно ќе се бори во ММА, но малку потррезвено размислил за тоа, бидејќи во новиот пост на социјалните медиуми рече дека паднал, но не е надвор од играта. Еве што друго тој сподели на социјалните медиуми:

„Во саботата не успеав да го постигнам посакуваниот резултат. Ова е нешто што понекогаш се случува кога ќе одлучите да следите величина.

Дадов се од себе. Паднав, но не сум надвор. Ви благодарам на сите за поддршката. Навистина боли, но ја знам оваа болка“.

Овој пораз му ја прекина серијата од пет последователни победи на Пориер.

print