Дан комисијата за прв пат во Битола одржа полагање за џудо мајстори (ФОТО)

Денеска во Битола за прв пат се одржа полгање за мајсторски појаси први дан и кафеави пред Дан комисијата на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) под претседателство на мајсторот Ѓуро Илиќ и членовите Дејан Мицкоски и Драган Шекеровски. Полагањето се одржа во Будо центарот Пелистер.

За кафеав појас 1 кју положија: Ангел Ангелов, Никола Божиновски, Теодора Димеска, Марио Цинцароски и Јован Најодски.

За црни појаси 1 дан положија: Виктор Ивановски, Љубен Андријашевиќ, Филип Макаловски, Петар Ристевски, Кристијан Ѓураков, Мики Чадамов, Амра Фејзула и Еди Шерифовски.

Ipon.mk

 

print