Данил Николиски го освои сребрениот медал на Марибор опен 2018 – трет за Осенсеи (ФОТО)

Данил Николиски со среброто го освои третиот медал за Џиу џицу клубот Осенсеи од Штип на Европскиот куп „Роби Рајх -Марибор 2018“.

Вчера со медали се закитија Филип Денков – сребрен и Стефан Донев – бронзен.

Од Осенсеи нагласуваат дека екипата има добра шанса во Јадранската лига да го освои третото место на завршниот турнир во Скопје на 10 ноември.

За Осенсеи во Јадранската лига настапуваат:  Кирил Иванов -77 кг, Христијан Јованов -85 кг, Александар Илиевски -94 кг и Виктор Велинов +94 кг.

Резултати Јадранска лига – прв турнир
Осенсеи – АДК Марибор 1-5
Осенсеи – НиФ Алексинац 1-4
Осенсеи – Панда Х. Нови 4-2

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...