Даниел Стефановски утре ќе се бори пред 30.000 Кинези

Даниел Стефановски утре ќе се бори пред 30 илјади луѓе во Кина на Кунлун фајт (КЛФ 76) во Кинаво во категоријата до 80 килограми.

Денеска се мерењето и соочувањата.

Противник на „Македонскиот воин“ Јанг Жу од Кина, за кој се знае дека едобар борец и дека настапува во цел свет.

Стефановски требаше на 5 август да настапи на Кунлун фајт 75 во Сања на островот Хаинан против домашниот борец Ванг Венжонг во категоријата до 88 килограми, но тоа не се случи бидејќи нашиот борец оцени дека тоа е подметнување да се бори во потешка категорија.

Додека 20 октомври ќе се одржи големото македонско дерби во К-1 меѓу нашите најдобри борци Даниел Стефановски и Бени Османоски на настанот „Подговете се за војна“ (Рејди фор вор“ во Шлирен кај Цирих, Швајцарија.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...