Даниел Кормиер: Тешко е да се откажеш од борбите, затоа што се како дрога

Даниел Кормиер знае дека не е лесно да се повлече од ММА. Гледаме како многу борци божем се повлекуваат, но по неколку месеци или години повторно решаваат да се вратат во кафезот. Кормиер требаше да се повлече во март, кога наполни 40 години, но неговите планови се променија и одлучи да му даде реванш шанса на Стипе Миочиќ, па така тие ќе се борат во главната борба на УФЦ 241 во август за титулата во тешка категорија.

Даниел одлучи да зборува за неговото повлекување и рече дека е доста тешко, бидејќи борбите биле како дрога.

„Само сакам повторно да се борам. Знаев дека сакам уште еднаш да се борам, да одам во кафезот. Тоа е причината да ги гледате борците што се задржуваат подолго време во ММА, бидејќи тоа е како дрога. Најзависниот наркотик е патот до октагонот.

Знаев дека сакам да поминам по овој пат барем уште еднаш. Сакав да се повлечам на 40 години, но тоа не се случи и знаев дека треба да го изодам патот до кафезот уште еден пат. Затоа се борам со Миочиќ“.

Кормиер е во серија од седум последователни победи и нема пораз во тешка категорија.

print