Даниел Кормиер потврди дека борбата со Миочиќ е последна за него

Поранешниот двократен шампион Даниел Кормиер цврсто одлучи дека неговата трета борба со Стипе Миочиќ ќе биде последна за него во неговата славна кариера.

Минатата година ДК успеа да го нокаутира Миочиќ во Вегас и ја освои титулата во тешка категорија, со што стана двоен шампион. Неколку месеци подоцна ја одбрани титулата во тешка категорија со судиска одлука против Дерик Луис во Њујорк.

Титулата во полутешка категорија му беше одземена во декември за да се бори за неа со Џон Џонс. Кормиер чекаше цела година да се бори со Брок Леснар, но тоа не се случи, и тој се согласи да му даде реванш на Миочиќ, кој му возврати со нокаут во 4.рунда и си го врати поајсот. Тоа беше првиот пораз на Кормиер и ја запре неговата серија од 15 победи.

Одлучи да не се повлекува од ММА пред да ја реализира трилогијата, со цел да продолжи да живее мирно после тоа. Многумина сакаат да видат трета битка меѓу Кормиер и Џон Џонс, но тоа никогаш нема да се случи затоа што Кормиер потврди дека се пензионира по трилогијата со Миочиќ:

„Малкумина разбираат што значи овој момент. Сите очи се вперени во мене. Го сакам. Го чувствував цели 25 пати. Подготвен сум да го почувствувам за последенпат“.

print