Даниел Кормиер не се откажува, сака трет меч со Џонс

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Даниел Кормиер (САД) нема намера да стави крај на кариерата.

Тој беше победен во последниот меч со Џон Џонс (САД), при што и ја загуби титулата. Ова беше втор пораз во кариерата на ветеранот од истиот ривал. Сите други мечеви ги заврши со победа.

„Не само што повторно ќе се борам, туку верувам дека јас и Џонс пак ќе се бориме“, рече Кормиер.

Веднаш по нивната втора средба, Американецот плачеше. Долго време не можеше да разбере што точно се случило.

.

print