Дана Вајт: Сите сакаат трилогија меѓу Џонс и Кормиер

Дана Вајт сака да види трета борба меѓу големите ривали Џон Џонс и Даниел Кормиер.

Претседателот на УФЦ смета дека не е нужна трета борба, но ќе ја организира, затоа што секој сака да ја види. „Коски“ веќе ја одбрани титулата во категоријата со тешка победа над Тијаго Сантос минатиот месец и во последните две борби за прв пат по многу години се покажа дека има потешкотии во кафезот.

Тоа може да му даде доверба на Кормиер, кој прво треба да ја одбрани титулата против Стипе Миочиќ по две недели на УФЦ 241. ДК има два порази од Џонс и Дана сака да ги види во тешка категорија, но и двајцата тврдат дека трилогијата повторно треба да биде во полутешка категорија:

„Нема потреба од нова битка меѓу Џонс и Кормиер, но мислам дека луѓето сакаат повторно да ги гледаат. Лично сакам да видам трета борба и мислам дека и двајцата го сакаат тоа. Сакам да се борат во тешка категорија, но и двајцата беа категорични, мечот ќе биде во полутешка категорија“.

print