Дана Вајт се насмеа на барањата на Хабиб од 50 милиона и рече дека Конор е подготвен за акција

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, по настанот во Њујорк  ја коментираше ситуацијата во лесна категорија.

Рече дека го чекаат развој на ситуацијата со Конор Мек Грегор, Хабиб Нурмагомедов и Спортската комисија на Невада за хаосот што го предизвикаа по борбата.

„Ќе чекаме во ноември или декември, кога и да одлучат, а потоа ќе седнеме и ќе видиме што понатму“.

Нурмагомедов и Мек Грегор привремено се суспендирани додека случајот не биде решен, а НАК треба да се состане на 10 декември и да донесе одлука. Ако казната биде преостра, Вајт вели дека Ирецот е подготвен за акција.

„Минатата недела разговарав со Конор. Типичниот Конор. Би сакал реванш Хабиб веднаш. Рече дека повторно би се борел со него, но ако не може би се борел против когобило што ќе му донесе нова борба со него“.

Не спомена дали планира УФЦ на Мек Грегор веднаш да му даде реванш со Хабиб, иако тоа е, се разбира, отворена опција која би направила најголем профит.

Другите опции се трета битка со Нејт Дијаз или втора со Дастин Пориер кого го нокаутира во 2014 година.

Вајт се насмеа на изјавите на тимот на Хабиб со кои бараат 50 милиони долари за борба.

„Сигурно (се насмеа). Ма дај! Тие знаат штое реално за нив. Тие веќе го знаат одговорот на тоа прашање. Но, звучи смешно кога ќе го изговорат тоа – 50 милиони долари“.

print

Можеби ќе ви се допадне...