Дана Вајт потпиша нов договор со УФЦ на 7 години

 

Дана Вајт ќе остане претседател на УФЦ уште долго време.

49-годишниот Вајт објави дека потпишал нов договор на седум години со компанијата сопственик на УФЦ Ендеавор.

„Ари Емануел и јас само што потпишавме нов седумгодишен договор. Тука сме седум години, ЕСПН е седум години и тука сме за неверојатни работи што ќе ги направиме. Не можам да ви кажам колку сум возбуден“.

Вајт почна во УФЦ во 2001 година како помал косопственик, откако неговите пријатели Френк и Лоренцо Фертита ја купија промоцијата од Семафор ентертејмент груп. Веднаш стана заштитно лице и промотор на компанијата.

Неговите партнери ја напуштија компанијата во 2016 година, кога добија 4 милијарди долари во WME-IMG (сега Endeavor). Вајт тогаш поседуваше 9 отсто од акциите и остана претседател на УФЦ.

print