Дана Вајт: Атлетската комисија може на Хабиб да му ги земе 2 милиона долари од настанот (ВИДЕО)

Хабиб ја оствари најголемата победа во кариерата и го стори токму онака како што предвиде – со предавње на Конор Мек Грегор. Победата засенета, бидејќи непобедливиот шампион го напуштија нервите и скокна во публиката да се пресмета со Дилан Данис, предизвикувајќи масовна тепачка.

Хабиб ќе добие строга казна од Атлетиската комисија на Невада, која се поврзува со парите што ги добил од борбата со Мек Грегор, а денес Дана Вајт рече дека има можност да му ги одземат двата милиона.

„Сега сум подобро расположен, бидејќи броевите од платените гледања почнаа да излегуваат. Бев лут, затоа што долго време работев во овој спорт и не сакав да се случи тоа што се случи на најголемиот настан. Не мислам дека има луѓе кои не знаат зошто го сторил тоа Хабиб. Не мораше да го направи тоа, бидејќи е светски шампион и само што го победи Конор Мек Грегор пред очите на целиот свет. Исправи се и стави го појасот,  затоа што победи.

Тоа, што ти го дофрлаше Данис, не значи ништо. Атлетската комисија му ги блокира двата 2 милиона и веќе зборуваат дека ќе му ги земат. Не мислам дека ова треба да се случи. Според мое мислење, треба да го казнат со околу 500.000 долари, но не треба да му земат сè. Несомнено, останува шампион, но може да добие суспензија од 3 до 6 месеци. Ако го казни Атлетската комисија во Невада, тој нема да може да се бори во САД, бидејќи сите други ќе го казнат. Продадовме повеќе од 2 милиони платени гледања и сум среќен“.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...