Дамјан Цингарски одржа аикидо семинар во Варна

Cingarski seminar vo Varna

Во светот на боречките вештини, Македонија не е анонимна. Постојано сме имале квалитетни школи за сите боречки вештини и резултатите со кои се враќаат нашите натпреварувачи од меѓународните натпревари постојано го докажуваат тоа.

Damjan Cingarski Varna 3

Една од поновите боречки вештини која е во подем во Македонија е аикидо. Аикидото не е натпреварувачка вештина, па дружењата и достигнувањата се одвиваат на семинари на кои се учат нови техники и учесниците имаат можност да вежбаат со други аикидоки со кои разменуваат искуство и знаење. Семинарите се организираат со познати мајстори-учители кои ги пренесуваат своите гледишта и начини на подучување.

Damjan Vingarski Varna 4

Еден таков клупски семинар се одржа изминатиот викенд во Варна, Бугарија. Поканет да го води семинарот беше Дамјан Цингарски, учител во скопскиот аикидо клуб Хенбо. Дамјан Цингарски е носител на мајсторскиот појас 3 дан во аикидо, а со вештината се занимава повеќе од 15 години. Иако ова не е прв пат Цингарски да одржува тренинг во друга држава, сепак, одржување на цел семинар е настан кој е значаен бидејќи ќе остане во историјата како прв семинар одржан од македонски мајстор по аикидо надвор од Македонија. На семинарот зедоа учество 30-ина учесници, членови на клубот домаќин – АК Варна.

Damjan Cingarski Varna 2

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...