Дамјан Трајковски освои бронза на Балканското таеквондо првенство

Дамјан Трајковски го освои бронзениот медал во јуниорска конкуренција на Балканското првенство во таеквондо што се одржува во Самоков, Бугарија.

Медалот е освоен во категоријата  над 78 килограми А класа.

Трајковски, кој инаку е член на ТДК Кобра, е дел од македонската репрезентација на Балканското првенство за деца, кадети, јуниори и сениори која брои 30 члена.

Денеска се натпреваруваа кадети и јуниори, а утре деца и сениори.

Покрај тоа, од овој клуб е и единствениот интернационален судија Катерина Михајлова, како и натпреварувачите Лина Ќуштерова и Благој Свинарски.      

print